Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ја предупреди Анкара да не се меша во „внатрешните работи“ на земјата.
Треба да го шокира секој од нас што странски сили се мешаат во она што се случува во Франција, тврди министерот.
Франција претходно го повлече својот амбасадор од главниот град на Турција поради коментарите на претседателот Реџеп Таип Ердоган кој го доведе во прашање „менталното здравје“ на неговиот француски колега, Емануел Макрон.
Вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на бојкот на француската стока и говореше за негодувањата во муслиманскиот свет поради зацврстениот став на францускиот претседател Емануел Макрон кон исламскиот екстремизам.
Заострената реторика меѓу Франција и Турција следува откако Макрон ја обвини Турција дека го крши договорот за Либија. Турција му возврати на Макрон и ја обвини Франција дека таа е одговорна за нестабилноста во Либија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.