Турската забрана на Википедија би требало да се укине денес по пресудата на Уставниот суд според која блокирањето на Интернет енциклопедијата во Турција, што трае повеќе од две години претставува кршење на слободата за изразување.
Пресудата на Уставниот суд објавена во службениот весник го отвора патот за укинување на забраната воведена во април 2017 година поради напис во Википедија, во кој Турција се обвинува за поврзаност со терористички организации.
Пристапот до страниците на Википедија би требало да се овозможи откако пресудата, донесена со десет спрема шест гласови на уставни судии, ќе биде официјално проследена до агенцијата за телекомуникациски надзор.
Укинување на забраната во Уставниот суд го побара Фондацијата Википедија, непрофитна организација која ги одржува страниците на онлајн енциклопедијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.