Стотици мигранти тргнаа низ северозападна Турција кон границите со Грција и со Бугарија, откако еден турски функционер изјави дека Анкара повеќе нема да ги запира сириските бегалци на патот кон Европа, откако вчера 33 турски војници беа убиени во воздушни напади на сириската војска во Идлиб.

Околу 300 мигранти, вклучително и жени и деца, тргнале кон границата меѓу двете европски држави, Грција и Бугарија, до Турција. Меѓу нив има Сиријци, Иранци, Ирачани, Пакистанци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.