Турција почна да гради огромен ѕид на границата со Иран за да спречи прилив на авганистански бегалци кои ja напуштаат земјата по преземањето на талибанскиот режим.
Како што објави Би-Би-Си, турските власти издале наредба за изградба на ѕид на границата со Иран со цел да се спречи голем бран бегалци, но и евентуална инвазија на инфилтрирани Талибанци меѓу нив.
Според извештаите на агенциите, пет километри од границата се веќе во фаза на работа со тешка механизација, а граничниот појас на кој се гради тој ѕид е долг 295 километри.
Откако меѓународните трупи предводени од САД се повлекоа од Авганистан, Талибанците ја окупираа целата земја за помалку од еден месец, а последниот што падна беше главниот град Кабул, од каде пристигнаа драматични слики на луѓе кои умираат обидувајќи се да побегнат од земјата.
Според агенциите, десетици илјади луѓе очајно бараат начин да ја напуштат земјата. Претпоставката е дека реките бегалци ќе течат кон Иран, а потоа и кон Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.