Турција остро го осуди нападот што се случи денеска во црквa во францускиот град Ница.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека Турција чувствува солидарност со францускиот народ против насилството и тероризмот, пренесува „Ројтерс“.

Во Франција, три лица загинаа во терористички напад во Ница денес, од кои едното беше обезглавено, додека во посебен инцидент полицијата уби вооружен напаѓач кој им се заканувал на минувачите во Авињон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.