Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека се укинати некои ограничувања наметнати за спречување на ширењето на корона вирусот.

Во рамки на намалувањето на ограничувањата, од 1 јуни, рестораните и кафулињата ќе можат да работат под одредени мерки на претпазливост.

Полицискиот час од понеделник до сабота ќе биде од 22 до 5 часот наутро и цел ден во недела – соопшти Ердоган на прес-конференција по состанок на владата.

Досега, забраната за излегување во работните денови беше од 21 до 5 часот наутро и во текот на целиот ден во сабота и недела.

Во април, Турција регистрираше максимално зголемување на новозаразени за еден ден.

Делумно, а потоа и целосно заклучување беше воведено за околу две недели. Како резултат на овие мерки, бројот на нови случаи на инфекција дневно се намали осумпати, па вчера тие беа 6.933.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.