Премиерот на Канада, Џастин Трудо, најави предвремени општи избори во период кога земјата влегува во четвртиот бран на пандемијата на корона вирусот.

Според испитувањата на јавното мислење, либералнана малцинска влада предводена од Трудо има шанси да добие мнозинство гласови во овој момент.

Канаѓаните мора да изберат како да ја добијат борбата против Ковид-19 – изјави 49-годишниот либерален лидер.

Предвремените избори ќе се одржат на 20 септември, околу две години порано од редовните избори.

Опозициските партии ги критикуваа либералите дека распишуваат избори за време на нов бран на пандемијата, само заради сопствена „политичка корист“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.