Канадскиот премиер Џастин Трудо стана хит на интернет поради една снимка од Г20-самитот во Осака.

На Трудо му се паднало да седи меѓу кинескиот и бразилскиот претседател, со кои, според снимката, нема што многу да си каже, па седи сам и збунет, со израз на непријатност на лицето. Но, вистинската непријатност настапува кога ќе му подаде рака на Бразилецот, кој, како што изгледа на снимката, ладно ќе го изигнорира и ќе му го сврти грбот за да се ракова со некој друг.

Снимката од тој момент и изразот на лицето на Трудо го обиколи светот и стана хит, кој доби разни коментари: „Непријатно ми е ова да го гледам“, „Жал ми е за него“, „Не го игнорираше, Трудо му покажа дека доаѓа тој некој со кого се ракуваше“ и така натаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.