Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера присуствуваше на протест против расизмот во Отава и клекна во знак на солидарност со демонстрантите.

По убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис при полициското апсење, низ САД избувнаа протести поради бруталноста на полицијата, кои на моменти беа и насилни, а имаше и слични протести во други земји, вклучително и Канада.

Трудо во Отава пристигна со обезбедување носејќи црна платнена маска на лицето. Откако неколку демонстранти го повикаа да клекне, тој го стори тоа, по што тие му се заблагодарија.

Тој кимна со главата и демонстрантите извикуваа „црните животи се важни“.

Трудо на почетокот од неделава изјави дека Канаѓаните се ужаснати од убиството на Флојд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.