Во шума во близина на францускиот град Вијер Котре во сабота е пронајдено беживотното тело на трудница, која излегла да ги прошета своите кучиња, пренесува „Би-Би-Си“. Полициската истрага покажала дека 29-годишнита Елиса Пиларски до смрт била искасана од кучиња, а рани од угризи имала по екстремитетите и на главата. Несреќата се случила за време на организиран лов на елени во шумата.

Полицијата тестирала 93 кучиња и ги споредиле примероците со ДНК земено од телото на Пиларски. Тестирани се и нејзините пет кучиња, со кои излегла во прошетка.

Обвинителството отвори истрага за убиство без предумисла. Пиларски била во шестиот месец од бременоста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.