Најмалку три лица загинаа во тропската бура Елса што ги погоди јужните брегови на Хаити и Доминиканската Република.

Американските медиуми јавуваат дека невремето предизвика паѓање на дрвја, а брзината на ветерот достигнувала до 100 километри на час.

Тропската бура во моментов се движи кон Куба, каде населението се евакуира по должината на јужниот брег, и се стравува дека невремето ќе донесе поплави, откако претходно погоди неколку карипски острови.

Елса зад себе остави пустош, а меѓу најтешко погодените острови се најде Барбадос, каде повеќе од 1.100 луѓе пријавија дека им се оштетени куќите, а 62 објекти се целосно уништени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.