Три лица загинале, додека едно лице е тешко рането во пукање во продавница на бензиска пумпа во градот Гарланд во американската сојузна државa Тексас, а осомничениот побегнал од местото за настанот и во тек е полициска потрага по него, соопштила локалната полиција, пренесува „Ен-Би-Си Њуз“.

Според информации на телевизијата, ранетото лице е префрлено во болница со тешки повреди. Полицајците излегле на местото на настанат и во продавницаta ги пронашле телата на загинатите.

На снимката од камерите во продавниците биле забележани четири мажи во продавницата, а потоа било забележано како влегува уште еден маж кој почнал да пука со пиштол, пишува во полициското соопштение.

По пукањето, напаѓачот се вратил во својот бел камион и со голема брзина се оддалечил од местото на настанот, а полицијата се уште трага по него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.