Три лица загинаа, а шестмина се повредени во напад со нож денеска во германскиот град Вирцбург, јави весникот „Билд“, додавајќи дека полицијата го совладала напаѓачот, пукајќи му во ногата.

Полицијата го уапси осомничениот по „голема акција“ во која беа затворени делови од центарот на градот. Тој е идентификуван како 24-годишник од Сомалија кој живеел во Вирцбург.

„Го уапсивме напаѓачот“, напиша локалната полиција на Твитер, соопштувајќи дека засега „нема индиции дека има повеќе напаѓачи“ и „опасност за населението“. Уште не се знаат мотивите за нападот.

Исто така, полицијата на Твитер јави дека веќе нема опасност за граѓаните на Вицбург.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.