Тројца пациенти на интензивна нега и лекар од тој оддел загинаа во пожар што избувна во болницата за Ковид во градот Запорожје во југоисточна Украина, изјави денеска гувернерот на регионот Олександер Старук.

Старук додаде дека пожарот избувнал на првиот кат во болницата, каде што пациентите биле приклучени на респиратории додека други осум пациенти биле евакуирани.

Тој изјави дека истрагата за причините за пожарот е во тек.

Во Украина досега повеќе од 1,2 милиони луѓе биле заразени со Ковид-19, а 23.229 пациенти починале



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.