Речиси 300 вработени во британска фабрика која произведува сендвичи за трговскиот синџир „Маркс енд Спенсер“ се позитивни на Ковид-19.
Фабриката „Гринкор“ од Нортемптон, во којашто се вработени 2.100 луѓе соопшти дека дел од работниците се во самоизолација.
„Гринкор“ наведува дека 79 работници биле позитивни на Ковид-19, поради што компанијата вовела приватна програма за тестирање, по што се откриени уште 213 позитивни случаи односно вкупно 292 во целата фабрика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.