Најмалку 30 луѓе загинале во нередите што избувнаа во делови од Јужна Африка, откако поранешниот претседател Џејкоб Зума минатата недела се предаде на полицијата.

Речиси 800 луѓе се уапсени во безредијата кои почнаа како протести и израз на незадолвство по затворањето на Зума.

Сепак, во текот на викендот протестите ескалираа во насилство, при што беа подметнати пожари, блокирани патишта, а беа ограбени и голем број продавници.

За смирување на ситуацијата, како помош на полицијата, беа распоредени и припадници на војската.

Властите засега проценуваат дека нема потреба за воведување вонредна состојба поради насилството, кое, сепак, е локализирано.

Според полицијата, голема е веројатноста одредени криминални групи да ги искористиле протестите како изговор за грабежи и други криминални дела додека други, пак, сметаат дека невработеноста и сиромаштијата го разгоруваат хаосот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.