Три ракети „Каќуша“, наводно, го погодиле периметарот на меѓународниот аеродром во Багдад, но не предизвикале жртви.

Една од ракетите падна во гаражата на аеродромот во неделата вечерта, оштетувајќи четири цивилни возила, се вели во извештајот на ирачката државна новинска агенција ИНА, повикувајќи се на воена изјава.

Минатата недела, во три одделни инциденти, неколку ракети паднаа или во близина на аеродромот или внатре во силно утврдената Зелена зона во Багдад, во која се сместени владини згради и странски мисии. Тие напади исто така не предизвикале жртви.

Минатиот месец најмалку четири ракети „Каќуша“ беа истрелани кон американската амбасада во Зелената зона, од кои едната слета во областа каде што се сместени американски трупи во дипломатската мисија.

Исто така, на 5 јули, едно дете беше повредено во сличен инцидент кога ракета погоди дом во близина на Зелената зона, во која се сместени владини згради и странски мисии.

Во Ирак има зголемено антиамериканско расположение од 3 јануари.

На тој датум, терористички дрон „Reaper“ на Соединетите Држави, по директна наредба на претседателот Доналд Трамп, го гаѓаше конвојот кој го превезуваше генерал-потполковник Касем Сулејмани, командант на иранските сили Кудс на Исламската револуционерна гарда, заедно со Абу Махди ал-Мухандис, заменик-шеф на ирачките единици за мобилизација (ПМУ) во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.

Беа убиени сите патници на конвојот.

Два дена подоцна, ирачките пратеници едногласно го одобрија законот, со кој се бара повлекување на сите странски воени сили предводени од Соединетите држави од земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.