Студија за примероци од холандски донатори на крв покажа дека околу три проценти од нив развиле антитела кон новиот коронавирус, што укажува на процентот од населението кое веќе се заразило со оваа болест, соопштија холандските здравствени власти во четвртокот.

Началникот на Националниот здравствен институт Јаап ван Дишел ги објави резултатите од студијата во Парламентот.

– Студијата покажува дека околу три проценти од Холанѓаните развиле антитела на коронавирус. Од ова може да се утврди дека се работи за неколку стотици илјади луѓе во земјата со 17 милиони жители, рече Ван Дишел.

Во Холандија досега се потврдени 28.158 случаи на заразени со новиот коронавирус, но моментално се тестираат само потешко заразените и здравствените работници.

Организацијата надлежна за доброволно давање крв во Холандија на 19 април најави дека ќе почне со тестирање на околу 10.000 примероци крв неделно, но дека резултатите ќе ги даде само на Националниот здравствен институт



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.