Сопственикот на АСОС и најголемиот дански милијардер Андерс Холч Повлсен, објави дека три од четирите деца кои ги има, се убиени во терористички напади во Шри Ланка, пренесува „Дејли Мејл“. Фамилијата била во посета на оваа земја кога се случил терористичкиот напад.

Повлсен кој има 46 години е сопственик на меѓународниот ланец за облека Бестселер, кој ги содржи Vero Moda i Jack&Jones, најголем акционер на онлајн продавницата АСОС и втор најголем акционоер на онлајн продавницата Заландо.

Тој е сопственик на 89 илјади хектари земјиште во Шкотска. Според Форбс, во 2018 година Повлсен е најбогатиот данец кој е „тежок“ 7.9 милијарди долари.

Едната ќерка Алма Повлсен на својот профил на „Инстаграм“ објави фотографија со трите сестри, а трагедијата ја потврдија негови пријатели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.