Белгиските политичари за време на седници, наместо да се сконцентрирани на работата, зјапаат во своите мобилни телефони. Ова се покажало со најновиот проект преку употреба на софтвер наречен „Фламански скролери“.

„Фламански скролери“ е софтвер кој автоматски ги означува расеаните белгиски политичари кога го користат својот телефон на дневните преноси во живо. Секој состанок на фламанската влада во Белгија се емитува во живо на ЈуТјуб канал.

ск.png

Кога започнува емитувањето во живо, софтверот бара телефони и се обидува да идентификува расеан политичар. Ова се прави со помош на вештачка интелигенција и препознавање на лице.

Потоа, видеото од расеаниот политичар се објавува на профил на Твитер и Инстаграм, а истовремено политичарот се означува. По објавувањето на видеата на социјалните мрежи, политичарите беа засрамени во јавноста со помош на оваа вештачка интелигенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.