Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека во рамките на борбата против ширењето на корона вирусот во главниот град на Русија, потребно е да се вакцинираат до седум милиони луѓе.
Мора да вакцинираме 6-7 милиони луѓе во иднина, а тоа не може веднаш да се почне. Потребно е постепено да се влезе во тоа и да се развијат механизми за дигитално регистрирање и логистика на движење … испорака, складирање – изјави Собјанин во интервју за ТВ „Русија 1“.
Собјанин потсети дека Москва прва се приклучи на големата програма за вакцинирање против Ковид-19.
Во Москва се отворени 70 пунктови за вакцинација, а следниот месец нивниот број ќе се зголеми на 170.
Во моментов, вакцинацијата е достапна за вработените во градските, федералните и приватните медицински организации, вработените во образовните институции и градските социјални служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.