На социјалните мрежи и во светските медиуми постојано се појавуваат фотографии и видеа што сведочат за драматичната ситуација во Кабул, каде што илјадници луѓе во очај се обидуваат начин како да го напуштат Авганистан.

Таква е фотографијата од транспортен авион на американските воздухопловни сили, во кој се наоѓаат 640 луѓе кои се обидуваат да го напуштат меѓународниот аеродром во Кабул.

Товарниот авион може да носи 77.564 килограми товар, но е наменет само за 134 војници.

Сепак, пилотот и екипажот на авионот одлучија да полетаат и покрај прекумерниот број на Авганистанци кои влегоа во леталото без да одлучат да ги отстранат луѓето (или едноставно таква одлука не била спроведлива во пракса).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.