Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека коронавирусот ќе исчезне и додаде дека е против воведување на носење маски на национално ниво.

На крајот на краиштата јас ќе бидам во право. Реков претходно дека корона вирусот ќе исчезне и тоа ќе го кажам повторно. Ќе исчезне и јас ќе бидам во право   – рекол Трамп во интервју кое денеска го емитуваше американската телевизија Фокс Њуз (Fox News).

Повеќе од 60.000 луѓе се заразени со коронавирус во последните 24 часа во САД, додека вкупно од почетокот на епидемијата се инфицирани 3,7 милиони луѓе.

Трамп оценил дека во многу случаи се инфицирани млади луѓе кои ќе закрепнат за еден ден.

Американскиот претседател рекол дека е против задолжително носење на маски на национално ниво иако некои сојузни држави ја вовеле таа мерка.

Не, сакам луѓето да имаат одредена слобода. Не се согласувам дека вирусот ќе исчезне ако сите носат маски – рекол Трамп кој е виде еднаш само во јавност со маска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.