Американскиот претседател Доналд Трамп, ги сопре шпекулациите во светските медиуми кои известуваа за наводно влошеното здравје за претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун.

Трамп на Твитер напиша статус за севернокорејскиот лидер, во кој побара од јавноста да не верува во шпекулациите дека е болен или починат.

Ким Џонг-Ун е во добра здравствена состојба. Никогаш не го потценувајте! – напиша Трамп.

Кога изминатата пролет севернокорејскиот лидер ја пропушти прославата на Денот на сонцето, со која се слави раѓањето на државата и на неговиот дедо, бројни медиуми шпекулираа за неговото здравје. Повикувајќи се на кинески и јужнокорејски извори, медиумите шпекулираа дека тој е сериозно болен и закрепнува од операција на срцето. Но, тој потоа се појави по дваесетина дена на отворање на фабрика.

На почетокот на овој месец, некои западни медиуми повторно објавија дека Ким Џонг-Ун е во кома, а се споменува дека и неговата сестра Ким Јо-Џонг исто така не е видена подолго време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.