Сенатот и Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ја одобрија компромисната финансиска мерка која обезбедува средства за да се спречи новото делумно исклучување на владата без да се обезбедат пари што претседателот Доналд Трамп ги побара за ѕидот на границата меѓу САД и Мексико. Белата куќа објави дека Трамп има намера да го потпише законот, но оти веднаш ќе прогласи национална вонредна состојба што ќе му овозможи да префрли пари од други цели за изградба на ѕидот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.