Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека војната во Авганистан е правата причина за распаот на СССР.
Русија беше Советски Сојуз. Но, Авганистан од СССР направи Русија, зашто таа огромна земја банкротира во таа војна, вели Трамп за телевизијата „Фокс“. Истовремено, рекол Трамп, Советскиот Сојуз бил во право кога започнал војна во Авганистан, сосбено зашто оттаму пристигнувала голема терористичка закана од страна на талибанците.
Советскиот Сојуз во Авганистан влезе во 1979 година, а десет години подоцна ги извлече последните единици од земјата.
Трамп повторно зборуваше за повлекување на трупите од Сирија и рече дека американските трупи ќе се повечат од Сирија во „одреден момент“, а извештаите на медиумите кои пишуваа дека повлекувањето ќе се реализира во наредните неколку месециги нарече „лажни“.
Кон крајот на декември Трамп најави повлекување од Сирија, препуштајќи ѝ на Турција да се бори со „она што останало од Исламската држава“. По таа објава Њујорк тајмс објави дека Трамп ќе нареди повлекување во наредните четири месеци.
Никогаш не сум рекол брзо или полека. Некој рекол четири месеци, но јас тоа не сум го рекол, дециден е Трамп.
Одлуката на Трамп ја критикуваа многу официјални претставници и од републиканците и од демократите, особено поради шшекулациите дека курдските борци ќе бидат оставени на милост и немилост на турските воени сили.
Сакаме да ги заштитиме Курдите, но не сакам да останам во Сирија засекогаш, рече Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.