Лекарот на Доналд Трамп, Шон конли, соопшти дека американскиот претседател ја завршил терапијата на лекување од Ковид-19 и веќе  овој викенд може да се врати на своите јавни должности.

Докторот информира дека Трамп исклучително добро реагирал на терапијата и дека е во стабилна состојба, како и дека не покажува знаци на напредок на болеста.

Според Конли, утре ќе биде 10. ден откако му беше утврдена дијагнозата, а врз основа на напредната дијагностика што ја користи медицинскиот тим, Трамп нема да има проблеми да се врати на јавните должности.

Трамп денеска повторно треба да биде тестиран на Ковид-19, а, како што најави, се надева дека викендов ќе може да одржи нов предизборен митинг, најверојатно на Флорида.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.