Американскиот претседател Доналд Трамп, неговата компанија и три од неговите деца, поведоа судски процес против две банки – „Капитал уан“ и „Дојче банк“, со цел да им биде забрането да објават документи за него што ги бараат комисии на Конгресот.

Податоците биле побарани од Комисија за финансиски услуги и Комисија за разузнавање.

Адвокати на Трамп и неговите деца Доналд Помладиот, Ерик и Иванка нагласуваат дека барањето за предавање документи е политички мотивирано, како и со цек да го малтретираат претседателот у притоа да му наштетат политички.

„Дојче банк“ соопшти дека ќе го исполни барањето на Конгресот.

Претседателите на двете комисии Адам Шиф и Максин Вотерс во заедничка изјава го отфрлија барањето на Трамп како неосновано.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.