Изборниот штаб на се уште актуелниот американски претседател Доналд Трамп бара пребројување на гласачките ливчиња во окрузите Дејн и Милвоки во државата Висконсин.
Тоа се окрузи каде што претседателскиот кандидат Џо Бајден, објавен за новоизбран претседател, таму победи со голема разлика.
Според изборната комисија на државата Висконсин, штабот на Трамп платил три милиони долари за да се почне делумно пребројување.
Интересите на Трамп ги брани поранешниот судија во округот Дејн, Џим Трупис.
Нема да престанеме да се бориме за транспарентен и чесен изборен процес, за да се гарантира на сите Американци дека можат да имаат доверба во слободни и чесни избори во Висконсин и низ целата земја – изјави Трупис.
За целосно пребројување во оваа држава Трамп треба да плати осум милиони долари, дознава весникот.
Бајден во Милвоки победи со 317.270 гласови наспроти Трамп кој доби 134.357. Во округот Дејн разликата за Бајден е 260.185 наспроти 78.800.
Американските медиуми за победник на изборите во САД го прогласија демократот Џо Бајден. Штабот на Трамп ги оспорува резултатите на суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.