Во Иран од Сулејмани многумина се плашеа од него и го мразеа. Требаше да го тргнеме многу порано, напиша на твитер американскиот претседател Доналд Трамп, откако синоќа во напад на аеродром во Багдад загина најмноќниот генерал на Иран Касим Сулејмани.
Сулејмани беше задолжен за ирачките работи во иранската идеолошка војска.
Директно или индиректно е одговорен за смртта на милиони луѓе, вклучувајќи голем број неодамна убиени демонстранти во Иран. И додека Иран тоа никогаш нема да го признае, Сулејмани во таа земја го мразеа и се плашеа од него. Тие не се ни приближно толку тажни за загубата колку што лидерите се обидуваат да го уверат остатокот од светот. Требаше да го тргнеме многу порано“, порача Трамп.
Нападот го наредил американскиот претседател Доналд Трамп, и тоа без знаење на Конгресот.
Иран веднаш жестоко реагираше и најави одмазда, а спомнува и напади и можност за војна.
Трамп денес неколку пати се огласи на Твитер за нападот, а во последниот пост објави дека смета дека генералот Сулејмани требало да биде тргнат пред многу години.
Порача дека генералот Сулејмани убил или тешко ранил илјадници АМериканци во подолг временски период. Додаде дека ковал заговор да убие уште повеќе, но дека во меѓувреме е сопрен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.