Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се прават сите напори да се најде вакцина против коронавирусот до крајот на годинава, но рече дека САД ќе се вратат во нормала со или без вакцината.
Сакам да бидам јасен, тоа е многу важно. Со вакцина или не, ние се враќаме. И ние почнуваме, рече Трамп пренесен од Си-Ен-Ен.
Говорејќи во Белата куќа на настан на кој голем број службеници на администрацијата носеа маски, но не и самиот, Трамп изрази надеж дека вакцината ќе биде достапна пред крајот на годината, пренесуваат британските медиуми.
Претседателот на САД рече дека неговата администрација ќе мобилизира сили за дистрибуција на вакцината откако таа ќе се добие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.