Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека се согласува неговиот син Барон и внуците да се вратат на училиште, тврдејќи дека треба да се отворат училиштата и покрај загриженоста кај многумина дека тоа може да предизвика ширење на инфекцијата со коронавирусот.
Притисокот на Трамп повторно да се отворат училиштата не се намалува, дури ни во услови на нагло зголемување на смртните случаи низ целата земја, вклучувајќи ги и државите клучни за негов реизбор во ноември, како Флорида и Тексас.
Републиканскиот претседател се закани дека ќе го намали финансирањето од федералните фондови доколку училиштата не се отворат повторно.
Тој рече дека се согласува децата во неговото семејство да се вратат во училишните згради.
Се согласувам со тоа – рече тој.
Трамп рече дека децата имаат силен имунолошки систем и посочи дека најверојатно нема да ја донесат болеста дома кај родителите и постарите роднини, што беше предмет на истражување.
Тие не го фаќаат (вирусот) лесно, не го носат лесно дома – рече тој.
На својата само втора прес-конференција за коронавирусот по подолг период, Трамп ги повика младите луѓе да избегнуваат пренатрупани барови и додаде дека брифингот за борба против коронавирусот во Белата куќа го одржува без лекар затоа што веќе се консултирал со нив.
Тој ги критикуваше протестите низ целата земја како причина за зголемувањето на бројот на заразени.
Трамп повторно ги охрабри луѓето да носат заштитни маски. Тој рече дека гувернерите одлучуваат колку ќе го охрабруваат носењето маски во своите држави. Тој самиот, сепак, само еднаш носеше маска во јавноста. Оваа недела почна да ја поттикнува нивната употреба во поголема мера.
Тој, исто така, на Американците им советува добра хигиена.
Наидувам на сè повеќе луѓе што велат: ’Мијте раце’. Е па, мијте раце – рече Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.