Досегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, на Твитер објави видео кое наликува на предизборен спот во кој Трамп ги повторува своите тврдења дека се залага за работниците и вооружените сили.
Поради впечатокот што го остави видеото, многумина се сомневаат дека тој најавува нов мандат во Белата куќа во 2024 година, пишува Индипендент.
Видеото почнува со сцени од Белата куќа и од Трамп додека пораките наизменично се менуваат на екранот „Трамп се залага за Америка“ и „Трамп ги застапува американските работни места“. По снимките од Белата куќа, продолжуваат сцени на кои се гледа Трамп во различни фабрики и деловни објекти.
Во видеото се појавуваат пораки дека Трамп се залага за „слобода“, „правда“, „воена моќ“, „мир“, „ред“ и „нашето знаме“, а Трамп е прикажан со малцински групи, војници и светски лидери. Видеото завршува со сцена како Трамп го гушка американското знаме.
Видеото предизвика огромен интрес, прегледано повеќе од 4,6 милиони пати досега и споделено скоро 125.000 пати.
Реакциите на видеото се поделени: од оние кои го поддржуваат Трамп до оние кои велат дека видеото е всушност сосема бизарно.
Некои извештаи од Белата куќа велат дека Трамп се подготвувал да објави дека тргнува во трка за мандат во 2024 година во исто време кога е закажана инаугурацијата на Џо Бајден.
Иако рејтингот на Трамп падна, анкетата на Галуп покажува дека 87 проценти од републиканските гласачи, сепак, го поддржуваат. Си-Ен-Ен објави дека ниту еден претседател кој изгубил на изборите не ја напуштил Белата куќа со поголема поддршка од примарното гласачко тело на неговата партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.