Американскиот претседател Доналд Трамп ја напушти болницата Волтер Рид, каде помина три дена поради лекување од Ковид-19 и се врати во Белата куќа со хеликоптерот „Марин оне“, објави Гардијан.
Трамп, напуштајќи ја болницата, носеше маска, но ја извади додека позираше пред фоторепортерите. Тој и понатаму е заразен со коронавирус и според упатствата на Центарот за контрола и превенција на болести, тој треба да остане во изолација најмалку уште 10 дена.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 5, 2020
Потоа Трамп објави кратка порака на Твитер во која им порача на Американците дека имаат на располагање најдобри лекови, неодамна развиени.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 5, 2020
Заминав во болница, не се чувствував најдобро и веќе пред два дена се чувствував одлично. Ние живееме во најдобрата земја во светот и додаде: Сега сум добро … Вакцините доаѓаат наскоро, рече Трамп.
Неговиот личен лекар, Шон Конли, истакна дека претседателот Трамп ги исполнил сите услови за испуштање од болницата, иако не се опоравил целосно. Конли исто така рече дека Трамп, по напуштањето на болницата, ќе ја добие четвртата доза на лекот ремодесивир.
Трамп планира да учествува во следната предизборна дебата, изјави портпаролот на неговата кампања. Дебатата е закажана за 15 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.