Американскиот претседател, Доналд Трамп, обавил телефонски разговор со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и во таа прилика повикал на дијалог Турција – Грција во контекст на напнатоста во источен Медитеран, јавува агенцијата Анадолија, откако претходно беше објавено дека Трамп разговарал и со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Заменикот портпарол на Белата куќа, Џад Дер во пишана изјава вели дека денеска Трамп имал телефонски разговор со Мицотакис.

Во изјавата наведена е загриженоста на маериканскиот претседател поради се поголемата напнатост во Средоземно море помеѓу НАТО сојузниците Турција и Грција.

Трамп уште еднаш подвлече дека Грција и Турција мораат да останат посветени на дијалогот како единствен пат за излез од кризата и надминување на разликите, порача Дер.

Ден претходно во смирување на тензиите помеѓу двете земји членки на НАТО се вклучи и Германија. Министерот за надворешни работи Хајко Мас изјави во средата дека Турција заговара дијалог како би се надминале тензиите со Грција во источен Медитеран во врска со морските граници и енергетските наоѓалишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.