Војводата и војвотката од Сасекс, го напуштиле својот изнајмен дом во Ванкувер, Канада и се преселиле во Калифорнија, пред да се затвори границата меѓу двете земји минатата недела.
Како одговор на новинарите, откако беше објавено дека Хари и Меган, кои го напуштија Царството, ќе живеат постојано во Канада, американскиот претседател твитна: „Јас сум голем пријател и обожавател на кралицата и Велика Британија.
Сега тие ја напуштија Канада, сепак Соединетите американски држави нема да плаќаат за нивната безбедносна заштита. Тие мора да си платат! “
Портпаролот на Сасекс рече: „Војводата и војвотката од Сасекс не планираат да побараат од американската влада безбедносни ресурси. Направени се приватно финансирани безбедносни аранжмани“ – извести The Guardian.
Бакингемската палата одби да коментира за нивната селидба. Палатата, исто така, постојано одбива да коментира за безбедносните прашања во врска со парот.
Канадската влада веќе посочи дека нема да ги плаќа трошоците за безбедноста на парот, иако е земја на Комонвелт, со кралицата како шеф на државата.
Канада имала обврска да обезбеди безбедносна помош по потреба додека војводата и војвотката се признавале како „меѓународно заштитени лица“ но помошта ќе престане во наредните недели, во согласност со нивната промена во статусот, се вели во соопштени од Канада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.