Претседателот на Соединетите држави, Доналд Трамп, во понеделникот инсистираше на тоа дека земјата „не сака“ да ја користи опремата на „Хуавеи“ заради ризици од шпионирање.

Трамп објасни дека Кина ќе ги шпионира американските граѓани преку опрема на „Хуавеи“, затоа земјата одлучи да не ја користи за развој на својата 5Г мрежа. Понатаму, тој предложи и други земји да донесат иста одлука.

Набргу откако Министерството за трговија одлучи да додаде 38 подружници на Хуавеи во американската економска црна листа, државниот секретар Мајк Помпео изјави дека Вашингтон ќе продолжи да го ограничува најголемиот дел од извозот кон Хуавеи и неговите филијали, пишува Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.