Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека податоците на здравствените служби покажуваат дека во САД мина врвот на пандемијата на коронавирусот, што го отвора патот за неговите планови за објавување на насовите за повторно отворање на земјата.
Трамп на брифинг за новинарите во Белата куќа најави дека насоките ќе ги соопшти денеска, пренесоа американските медиуми.
Тој оцени дека најновите податоци се охрабрувачки и дека САД благодарение на нив е „ во многу силна позиција“ да ги приврши неговите насоки за сојузните држави за повторно отворање на државата. Се очекува насоките да го расчистат патот за ублажување на мерките за социјално дистанцирање во областите во кои пренесувањето на коорнавирусот е на ниско ниво, но дека тие мерки да бидат заддржани во местата кои се потешко погодени од пандемијата.
Конечната одлука за ублажување на рестрикциите ќе ја донесат гувернерите на сојузните држави.
Бројот на заразени во САД во меѓувреме се зголеми на 641.762, додека 28.442 лица умреа, покажуваат податоците на сајтот Ворлдметерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.