Само неколку часа откако градоначалникот на Њујорк, Бил Де Бласио прогласил вонредна состојба во градот поради епидемија на коронавирус, на прв поглед се забележува дека луѓето сериозно ја сфатиле ситуацијата.
Повеќето јавни институции се затворени – музеите и кино-салите не работат, додека образовните установи преминуваат на он-лајн предавања.
Деловниот свет исто така го преземал ваквиот вид на комуникација и работа, пред се за да се избегне ширење на заразата, но и затоа што Њујорчаните не сакаат да одат на работа за да не мора да го користат јавниот превоз кој се смета за најризично место за ширење на заразата.
Паника владее во продавниците каде на влез се чека по половина час, додека во ред на каса се чека и по 45 минути.
Луѓето во главно купуваат основни артикли како вода, млеко, леб, додека купувањето на артикли за хигиена, како сапун, ракавици, дезинфекциски средства, е лимитирано на две парчиња по лице.
На улиците има мал број на луѓе и автомобили, што е прилично чудно и за жителите на Њујорк и за туристите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.