Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги спореди годишните расходи на САД за операциите во Авганистан со воениот буџет на Русија.
Трошевме само 42 милијарди долари годишно. Замислете, 42 милијарди. Колку што сфатив, Русија годишно троши 50 милијарди за цела војска, а ние 42 милијарди само за Авганистан, изјави Трамп во интерјву за Фокс њуз.
Тој додаде дека и покрај толкавите трошоци САД не добиле ништо за возврат.
Милијарди и милијарди долари. Најновите хеликоптери „Блек хоук“, што сега ќе ги проучува Русија, Кина и некои други, бидејќи тоа е најдобрата технологија во светот, посочи Трамп.
Тој додаде дека е огорчен шт САД не ја уништиле воената техника пред да заминат од Авганистан и сега таа е во рацете на талибанците.
Повлекувањето на трупите од Авганистан под раководство на актуелниот претседател Џо Бајден е најголемо понижување за САД, посочи Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.