Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека „повеќе нема да има работа“ со британскиот амбасадор во САД, Ким Дерок, кој оцени дека администрацијата на Трамп е „дисфункционална и неспособна“.

Не го познавам амбасадорот, но за него не мислат добро во САД и не им се допаѓа. Нема да имаме повеќе работа со него, напиша Трамп на твитер.

Тој, во рамки на истата објава, ја критикуваше британската премиерка Тереза Меј, наведувајќи дека добра вест за Велика Британија е што наскоро ќе има нов премиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.