Досегашниот и се уште официјален претседател на САД, Доналд Трамп, синоќа преку видео порака се обрати до нацијата.

Трамп ја потенцираше работата на својата администрација, особено во развојот на вакцината против Ковид-19.

САД произведоа вакцина против корона вирусот во рекорден рок. Точно предвидов дека тоа ќе се случи до крајот на тековната година – истакна Трамп.

Тој изјави дека вакцината е „вистинско чудо на медицината без преседан“, која ќе биде достапна за секој Американец на почетокот од 2021 година. Трамп додаде и дека САД ја испорачуваат вакцината насекаде низ светот и дека сите ќе имаат корист од неа.

Тој укажа и на економската помош одвоена за помош на најпогодените од пандемијата на Ковид-19, вредна повеќе илјади милијарди долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.