Американскиот претседател Доналд Трамп повторно објави гневна порака на Твитер, со факти за кои верува дека потврдуваат дека изборите биле нефер и дека победата на неговиот ривал Џо Бајден не e легална.

Според Tramp, милиони ливчиња биле испратени до луѓе кои не го побарале тоа, додека на неговите набљудувачи не им било дозволено да бидат присутни при пребројувњето, нешто до сега не било случај.

Трамп тврди дека добил 71 милион законски гласови и дека е вистинскиот победник на претседателските избори.

Претходно, Трамп одби да признае дека загубил на претседателските избори откако американските медиуми објавија дека победник е Џо Бајден.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.