Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Федералната агенција за лекови (ФДА) итно ја одобрила употребата на крвна плазма на излекувани пациенти со Ковид-19 во третманите со заразените со корона вирусот.

На вонредна прес-конференција, Трамп тој потег го нарече „историска пресвртница во борбата против корона вирусот“.

Ова е навистина историски ден. Станува збор за моќна терапија која овозможува трансфузија на многу силни антитела од крвта на оздравени пациенти за да им помогнат на пациентите кои се борат со инфекцијата. Резултатите покажуваат дека овој третман е исклучително успешен – порача Трамп и ги повика луѓето кои се излекувале од Ковид-19 да даруваат крвна плазма.

Третманот вклучува пренесување на антитела од оздравен пациент на пациент заразен со Ковид-19.

Белата куќа претодно соопшти дека претседателот Доналд Трамп ќе објави „голем пробив во третманот на корона вирусот“.

Од пандемијата во САД веќе починаа повеќе од 176.000 луѓе, а заразени се речиси 5,7 милиони лица – повеќе од било која друга земја во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.