Израел и државата од Заливот, Бахреин, постигнаа значаен договор за целосно нормализирање на нивните односи, најави американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува БиБиСи.
Втората арапска земја што постигна мир со Израел за 30 дена, објави тој на Твитер.
Трамп денеска го најави договорот по телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и кралот на Бахреин Хамад бин Иса Ил Калифа. Тројцата лидери издадоа и куса заедничка изјава со која го потврдија договорот.
Бахреин стана последната арапска држава што се согласи да ги нормализира односите со Израел, како дел од пошироката дипломатска кампања на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација за целосно интегрирање на еврејската држава во Блискиот исток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.