Броењето на гласовите од претседателски избори во САД се уште е во тек, резултатот од гласањето е крајно неизвесен, но актуелниот претседател Доналд Трамп веќе го оспори изборниот резултат.
По ноќешниот говор во кој прогласи победа, тој денеска се огласи и на Твитер.
Синоќа водев, често пати солидно, во голем број клучни држави, во речиси сите места што ги држеа и контролираа демократите. Потоа, еден по еден, тие почнаа магично да исчезнуваат додека се броеја изненадувачки допишаните гласови. Многу чудно – напиша Трамп.
Брзо потоа, Трамп објави уште еден твит за процесот на броење на гласовите.
Како е можно секогаш кога ќе добијат допишани гласови тие да бидат толку разурнувачки во процентот и моќта на уништување? – реагира се уште актуелниот американски претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.