Американскиот претседател, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија, заминаа на ненајавена божикна посета на американските војници во Ирак.

Од Белата куќа соопштија дека тие заминале доцна на божикната ноќ за да им се заблагодарат на војниците за нивната служба, успех и да им посакаат среќен Божик.

САД не планираат да ги повлечат трупите од Ирак затоа што, како што неодамна изјавија официјални лица, Ирак може да се користи како база ако сакаат да постигнат нешто во Сирија.

Трамп порача дека нема да брза со именување на нов министер за одбрана кој би го заменил Џејмс Матис, кој поднесе оставка поради политички разлики со Трамп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.