Американскиот претседател Доналд Трамп, по министерот за одбрана, смени уште четворица високи функционери од ова министерство, а на нивно место поставил луѓе кои му се лојални.

Трамп во понеделникот прво го смени министерот за одбрана Марк Еспер, а за негов наследник е поставен досегашниот директор на Националниот центар за борба против тероризам Кристофер Милер.

Си Ен Ен додава дека некои функционери се сменети, а некои сами поднеле оставка, па освен Еспер заминале и неговиот шеф на кабинет и високи претставници на разузнавачките служби.

На нивно место се поставени луѓе блиски до Трамп, вклучувајќи „контроверзни личности кои заговарале теории на заговор и го нарекувале поранешниот претседател Барак Обама терорист”.

Се додава дека овие смени можат да предизвикаат само хаос во Пентагон, посебно менувањето на Еспер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.