Американскиот претседател Доналд Трамп не планира да го покани новоизбраниот претседател Џо Бајден во Белата куќа во наредните денови, изјавил извор за „Си-Ен-Ен“.

Традиционално, во Овалната соба се организира средба помеѓу сегашниот и новоизбраниот претседател. Трамп често ја споменува својата средба со Барак Обама на 10 ноември 2016 година, вклучително и тоа дека разговарале за Северна Кореја.

Претходно, Трамп објави дека не го признава поразот иако медиумите во САД веќе го прогласија Бајден за нов претседател.

Уставот на САД не бара кандидат да признае пораз од својот противник, но тоа е долга традиција во американската политика и се смета за знак на мирна транзиција на власта.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.