Со поразот на претседателските избори против Џо Бајден, Доналд Трамп стана 11 шеф на државата во историјата на САД што загубил при обидот за реизбор по само еден мандат.

Последен таков случај пред Трамп беше Џорџ В. Буш во 1992 година.

Стивен Кливленд го загуби реизборот во 1888 година, но победи повторно четири години подоцна, победувајќи го претседателот Бенџамин Херисон. Тој е единствениот претседател кој има два неповрзани мандата.

Листата не ги вклучува актуелните претседатели кои не биле номинирани од нивните партии на следните претседателски избори.

Десетте американски претседатели кои загубиле реизбор:

Џон Адамс (1797-1801; пораз од Томас Џеферсон во 1800 година)

Џон Квинси Адамс (1825-1829; загуби од Ендру Џексон во 1828 година)

Мартин ван Бурен (1837-1841; пораз од Вилијам Херисон во 1840)

Стивен Кливленд (1885-1889;загуби од Бенџамин Херисон во 1888 година)

Бенџамин Херисон (1889-1893; загуби од Стивен Кливленд во 1892)

Вилијам Тафт (1909-1913; пораз од Вудро Вилсон во 1912)

Херберт Хувер (1929-1933; загуби од Френклин Д. Рузвелт во 1932)

Џими Картер (1977-1981 година; загуби од Роналд Реган во 1980 година)

Џорџ В. Буш (1989-1993; пораз од Бил Клинтон во 1992 година)

Доналд Трамп (2016-; загуби од Џо Бајден во 2020 година)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.